eвропските и американските регулатори му дозволија на Мајкрософт да почне со планот за купување на интернет пребарувачот Јаху. Таквиот договор, смета Европската комисија нема да ја попречува конкуренцијата, туку ќе ја зајакне.
Јаху ќе може ја користи платформата на Мајкрософт, а двете компании ќе ги делат приходите.
Мајкрософт бара начин да го зголеми својот удел во индустријата на пребарувачи на која доминира Гугл, што во Европа држи 90 отсто од пазарот.
Договорот ќе почне веднаш да се имплементира.
















