| Веднаш после утринската програма секој работен ден од 13:00 до 16:00 часот стартува Пладневна зона.
Термин исполнет со секакви информации:
Викенд типувања, шоу биз вести, музички вести, скандали, трачеви, спортски вести, технологијa... Секој ден разработување на нова актуелна тема и многу друго.
Водителската палка на Пладневна зона е на Јован Постолоски.
СЛУШАЈТЕ И БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ!
• МАК ТОП 8
Емисија Мак Топ 8 е единствена емисија во МК.
Оваа емисија е спонзорирана од
ПЕКАРНИЦА ИЛИНЧЕ МЕШЕИШТА
Ако саката да слушнете што се случува ново на Македонската Музичка Сцена слушајте секој Четврток во 18:00часот.
Како главен и одговорен уредник се јавува Димитри Алчев .
• ЦАГЕР
Цагер е емисија која се емитува секоја сабота во 12:00 часот.
Ова е нова емисија, детска емисија што е водена од три деца, кои нивните врсници ги запознаваат со разни енциклопедиски, научни, истражувачки информации кои се добри за развивањето на децата во права насока.
Со ова го потврдуваме нашето мото, МХ – Радио фрекфенција за забава, едукација и култура.
Како детска програма според извршена анкета емисијата има огромно позитивно мислење од родители.
Како уредници и водители на оваа емисија се КАТЕ, МАРИЈА И КАТЕ.
Трите среќни и весели деца на МХ – Радио.
|